По 15-ти јули СДСМ останува во мрачното минато. По 15-ти јули ќе започне големата обнова на Република Македонија, која ќе донесе подобро здравство, подобро образование, судство во кое нема веќе да диригира Зоран Заев, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Празните ветувања на Љупчо Николовски граѓаните ги прочитаа. Граѓаните знаат дека Љупчо Николовски лаже како неговиот шеф Зоран Заев. СДСМ само лаже и манипулира. Ветуваа 100.000 денари плата за лекарите но докторите беа оставени сами да се борат со пандемијата. Ветуваа 600 километри нов автопат, но не беа способни ниту 2 километри да направат. СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова, порачуваат од партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.