Отворено со граѓаните е проект на ВМРО-ДПМНЕ, со кој граѓаните ќе можат да пријават злоупотреба на нивното право, поплака или проблем во општините каде ВМРО-ДПМНЕ има градоначалник.
Од партијата информираат дека за таа цел ќе биде формиран посебен тим од професионалци од партијата, но и од експерти кои не се дел од структурите на ВМРО-ДПМНЕ, а кои ќе бидат дел од тоа тело до кое граѓаните ќе можат да ги испраќаат своите поплаки и проблеми, злоупотребите кои би биле направени, да посочат на неправилности, но и да дадат пофалба.
Преку овој проект граѓаните ќе можат да даваат оценка за реализација на програмата која што им била ветена од страна на кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните очекуваат реализација на ветеното. Овој проект ќе биде пресликан и на централно ниво по преземање на централната власт од страна на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ силно ќе се бори против секоја злоупотреба, добробита на граѓаните, владеењето на правото и реализација на проектите се наш императив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.