Денес граѓаните празнуваат два големи и значајни празници, еден верски и еден државен. На колегите, а потоа и на сите граѓани им ги честитам двата празници, напиша министерот Наќе Чулев на Фејсбук.
Соработката, меѓусебната доверба и почитување се основата на која се темели полициското постапување и полициската работа и токму на вакви значајни и важни денови добро е уште еднаш да се потсетиме на вредности кои му даваат смисла на живеењето, а општеството го прават средина во која секој го добива местото што го заслужува.
📍Ова денес го истакнав при мојата работна средба и посетата на полициските службеници кои се распоредени на полициските пунктови во околината на Тетово и Гостивар.
➡️ Уште еднаш се заблагодарив на полициските службеници и на сите граѓани кои и во деновите за празнување покажуваат исклучително високо ниво на меѓусебна почит, но и ги почитуваат одлуките и мерките кои се донесени од страна на Владата, а имаат за цел превенција од коронавирусот.
🗣Апелирам до граѓаните да останат во своите домови за време на ограничувањето на движењето овие неколку дена, да ги почитуваат мерките за користење заштитна опрема и искрено се надевам дека многу наскоро животот и секојдевните обврски ќе се вратат во нормала.
Фејсбук статус на техничкиот министер во МВР, Наќе Чулев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.