Од вкупно 12 независни и партиски кандидати за градоначалник на Скопје и 7 на општина Центар, на катната гаража со која стопанисува општинското претпријатие Паркинзи на општина Центар ПОЦ, во висина од пет ката има место само за два плакати – за оној на Петре Шилегов, кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје и за неговиот партиски колега, кандидат за градоначалник на Центар Горан Герасимовски.

ПОЦ е јавно претпријатие, формирано со одлука на Општина Центар во 2006 година. Од кога законот дозволува користење на државен имот за партиска реклама? Станаа ли државните институции партиски огласувачи?!

За Скопје свои кандидати пријавиле коалициите што ги предвидат СДСМ, ЛДП-ДОМ, Левица, Интегра, Твоја партија, Бошњачки демократски сојуз, ТМРО, Демократи, работници и независни, како и две листи на група избирачи – Данела Арсовска, која ја доби поддршката од ВМРО-ДПМНЕ и Ана Петровска со поддршка од Зелен град.

Од скопските општини, пак, најмногу, седум, пријавени кандидати има во Центар: СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ЛДП-ДОМ, Левица, Твоја партија, Родина за Македонија, Демократи, работници и независни), но место за реклама има само за еден.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.