Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски во денешното вклучување во Дневникот на МРТ апелираше што побрзо да се обезбедат вакцините против КОВИД-19, за Македонија да почне со колективна имунизација на населението.
-Вакцинацијата е актуелна тема и граѓаните бараат да се информираат до каде сме. Во Куманово, во здравствениот сектор вакцинирани се над 100 лица со вакцините со коишто државата располага. Но, постојат и наши сограѓани кои имаат двојно државјанство и ја користат таа можност и се вакцинираат во соседните држави, како што е примерот со Србија. Апелирам што побрзо да се обезбедат вакцините и да влеземе во колективна имунизација на сите, така како што се работи во секоја епидемија, порача градоначалникот Димитриевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.