По вчерашниот скандалозен настан кога поголема група жители на Синѓелиќ излегоа да протестираат во полициски час затоа што полицијата приведе тројца нивни сожители поради прекршување на забраната за движење – демонтираа легнат полицаец среде полициски час, градоначалникот на Гази Баба се огласи, правдајќи се на социјалните мрежи за несоодветната реакција.
Тој објаснува зошто отишол да ги „смирува“ насобраните жители. Притоа, „случајно“ не спомна дека приведените биле од СДСМ.
,,Почитувани граѓани, сакам да ја објаснам ситуација во Синѓелиќ за сите оние кои не ја разбраа до крај, или пак поради неинформираност не ја доловија вистината. Точно е дека вечерва(синоќа) во населеното место Синѓелиќ дојде до нарушување на полицискиот час од поголема група на граѓани. Јас како градоначалник самоиницијативно излегов на лице место откако дознав дека нешто се случува, што е и моја обврска, со една единствена цел, да ја смирам состојбата и да се врати сѐ во нормала, без никакви дополнителни инциденти.
За да не се шират дезинформации, ве известувам дека три лица од страна на полицијата се однесени на информативен разговор во ПС Гази Баба. Исто така не е точно дека лицата биле физички нападнати од страна на полицијата, поради што и се собрала групата.
Како градоначалник излегов сам меѓу револтираните граѓани за смирување на состојбата. Тоа е моја должност и обврска. Откако се објаснивме жителите се разотидоа во своите домови.
Затоа апелирам до сите да не се шират непроверени или половични информации, кои можат да влијаат во нарушување на јавниот ред и мир или да внесат паника или бес кај граѓаните“-напиша градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.