Во Охрид денес започна отстранувањето на палмите кои беа засадени на различни локации во близина на Охридското езеро.
Вкупно 250 палми беа засадени во 2016 година, но голем дел од нив пресушија, неиздржувајќи ги временските услови.
Градоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиески денеска издаде работен налог до ЈП „Охридски Комуналец” за отстранување на палмите од потегот на кејот Македонија и на потегот од каналот Студенчишта до поранешен хотел „Парк“, се вели во соопштението од општината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.