Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денеска изврши обиколка на локации на улицата „Прилепска“ и во селото Елшани, каде се спроведуваат градежни активности.
Во моментот се спроведуваат активности за изградба на потпорен ѕид долж улицата „Прилепска“, во самото коритото на реката Сушица, а дополнително се врши и чистење на речното корито. Според проектот предвидено е потпорниот ѕид да е во должина од 150 метри. Исто така, предвидено е реконструкција на оштетените делови од улицата „Прилепска“, односно гребење и поставување на нов асфалтен слој. На деловите каде оштетувањата се поголеми ќе се поставува нов тампон и асфалтен слој. Изведувач на активностите е АД „Илинден“, а вкупната сума предвидена за реализација на овој проект е 8,2 милиони денари.
Во селото Елшани, пак, се одвиваат активности за чистење на корито од суводолицата на делови каде што при зголемени врнежи од дожд локалното население се соочуваше со проблеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.