За 41-годишниот градоначалник на Охрид, Константин Георгиески принципиелно е прашањето околу уривањето на дивоградбата на советникот од редовите на ДУИ Нефи Усеини. Неспорно е, вели тој, оти Усеини ја подига натстрешницата без дозвола, меѓутоа Георгиески сака да потенцира дека таа е само една од многуте охридски дивоградби.

Ако земеме да отстрануваме диви градби, ќе ги отстрануваме сите, нема само таа.

Принципот „или ќе се руши сѐ или ништо“ на градоначалникот наведува на заклучок дека барем летово нема да „падне“ објектот на проблематичниот инвеститор.

А, зошто сега прво да го урнам објектот што е кај Чинарот? Има шест-седум познати плажи во Охрид што се дивоградби, плажи каде што одат сите туристи и вие од Скопје одите и јас таму навечер пијам кафе, ама знам дека се дивоградби. Значи, по кој редослед да уриваме, сега? Треба сѐ или или ништо, ама најмалку сред сезона.

Проблем е и тоа што во моментов општината нема ангажирано фирма за уривање. На последната седница советниците го изгласале ребалансот на општинскиот буџет со кој се обезбедени околу 25.000 евра и неделава се очекува општината да распише тендер за фирма-уривач.

Целиот текст прочитајте го на „Призма“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.