Градоначалникот на општина Лозово Ацо Велковски од 17 ноември 2018 година до 20 април годинава отсуствувал од работа 188 дена, објави Курир. Од тие 188 дена, според документите што ги објави порталот, дури 175 дена Велковски престојувал во Германија, каде што се наоѓа неговото семејство.

За споменатиот период, градоначалникот на СДСМ дури 23 пати патувал на релација Македонија- Германија (Скопје- Нирнберг), при што од работното место бил отсутен цели 175 дена, додека во останатите 13 дена отсуство Велковски бил во Србија, Романија и Охрид. При патувањата во Германија, Велковски во најмалку 6 наврати отсуствувал од работа повеќе од 10 дена, пишува Курир.

Градоначалникот на СДСМ рекордот го има поставено во периодот август-септември минатата година, кога поради патување во Германија отсуствувал од работа цели 15 дена, додека во април овој месец, поради истата причина отсуствувал од работа 13 дена.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.