Сите обиди да се изместат фактите се само една реприза од минатото која се повторува на Балканот, како и да е фактите остануваат и не се менливи. Влеговме во НАТО, чекориме кон ЕУ, таму е нашето место, само како достоинствени Македонци со своја сопствена генеза, вели во свој пост на фејсбук, Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово, член на СДСМ.
Пред овој заклучок тој реди, како што ги нарекува факти во четири точки – за Гоце Делчев, за македонскиот јазик и за тоа дека Македонија беше окупирана од фашистичка БУгарија, Германија и Италија па и поделена.
„Македонија беше окупирана и поделена во втората светска војна од фашистичка Германија, Бугарија и Италија. Македонскиот народ и партизаните се кренаа на востание и во коалиција со антифашистите извојуваа победа над окупаторот.
Куманово е ослободено на 11ти Ноември (Сабота) 1944 година од страна на 17та и 18та Македонска партизанска бригада. Куманово во НОБ даде над осумстотини партизански жртви и двојно повеќе цивили (наведени во спомен зборникот 1941 – 45).
Одлуките на АСНОМ и АВНОЈ ја потврдија државноста на Македонија а ние како рамноправен народ за прв пат добивме можност да формираме своја сопствена држава во рамки на Титовата федерацијата од која подоцна произлезе независна и суверена Македонија, пишува меѓудругото Димитриевски.
Бурни реакции меѓу граѓаните предизвика интервјуто на премиерот Зоран Заев за БГНЕС во кое тој вели дека Бугарите не биле фашистички окупатор за време на војната и дека ЈУгославија ја делела Македонија одделена од Бугарија.
1. Гоце Делчев е темелот и душата на нашата државност. Македонец со јасна визија за самостојна Македонија.
2. Секој…Posted by Maksim Dimitrievski on Wednesday, 25 November 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.