Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски очекува поддршка од матичната партија СДСМ за уште еден мандат на следните локални избори.
Димитриевски неколку пати се спротивстави на одредени политики и одлуки на СДСМ и Владата што ја предводи неговата матична партија.
Јас на претходните избори излегов со програма со проекти со рокови за реализација во 2, 4 и 8 години. Член сум на СДСМ од 1995 година и очекувам поддршка од матичната партија – изјави Димитриевски за Фокус.
Кумановскиот градоначалник тврди дека во изминатиот период не се сретнал со поранешниот партиски лидер и премиер Бранко Црвенковски, кој по интервјуто на актуелниот лидер на СДСМ и премиер Зоран Заев за БГНЕС го замрзна членството во СДСМ.
Целиот текст тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.