Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски остана единствен од редовите на СДСМ кој ги брани македонскиите позиции за зачувување на идентитетот. Тој нема дилеми дека Бугарија била окупатор во Втората светска војна, дека Гоце Делчев е македонски револуционер, дека првите пушки пукнале во Куманово и Прилеп и оти Македонија е ослободена од македонските партизани…
За Димитриевски тоа се историски вистини и факти и затоа тој најави дека Куманово нема да ги смени спомениците каде пишува бугарски фашистички окупатор, затоа што над 1.000 борци ги дале своите животи
Во Куманово, нема да ги смениме спомениците каде пишува бугарски фашистички окупатор. Факт е дека во Куманово над 1.000 луѓе во Втората светска војна ги изгубија животите, од кои најголем дел токму од тој бугарски фашистички окупатор. Јас, исто така, не можам да негирам и дека Отечествениот фронт од Бугарија е на страна на нашите сојузници. Сепак, Бугарија треба да биде свесна за тоа и јавно да се извини и да продолжи понатаму. Во спротивно, ако се осмелите да менувате табли, ќе ве осуди сопствениот народ пред сè, а потоа и оние кои ги дале своите животи за денес да имаме сопствена држава-објави Димитриевски.
Бугарија од друга страна бара не се користи терминот бугарска фашистичка окупација, туку бугарска администрација во Втората светска војна.
Според него, крајно недемократски е да се спречува една држава да стане член на ЕУ, бидејќи Македонија и географски, но и суштински припаѓа на Европа и нашето место е таму.
Ние како држава во ниту еден момент не смееме да дозволиме да си го погазиме сопственото битие, бидејќи Македонија е суверена држава, со суверен народ и етнички заедници кои се стремат да бидат полноправни членови на ЕУ.
Поради промакедонските ставови и ставот дека нема да ги промени таблите, градоначалникот на Скопје го навреди Димитриевски нарекувајќи го неспособен и популист. Димитриевски се уште не одговорил на овие навреди на Шилегов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.