Градоначалникот на Крушево, Томе Христовски, нападнал млад активист на ВМРО-ДПМНЕ.
Како што објавија на Фејсбук од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Крушево, градоначланикот Христовски среде крушевската чаршија го фатил момчето за врат, му удрил клоца и шлаканица, по што му се заканувал.
Почитувани сограѓани, денес е нападнат млад активист од Унијата на млади. Нападот, кој е и физички и вербален, е од страна на градоначалникот на Крушево. Имено, таткото на градот, неможејќи да ги поднесува вмровците, почна да ги напаѓа јавно, среде чаршија. Нападнатиот Валентино Деспотоски, пазарејќи си в чаршија, наишол на непожелниот човек- Томе. Томе Христоски, навредувајќи го Валентино со зборовите „селанец, ропак, сега си Крушево“, го фатил за врат и му удрил шамар и клоца, заканувајќи му се дека цела фамилија ќе му ја сотри!
Настанот е пријавен во полиција, но довербата во институциите е изгубена. Згрозени сме од овој чин и јавно прашуваме дали градоначалникот на Крушево ќе ги сотрува сите вмровски фамилии? Очекуваме да бидат преземени сите соодветни мерки – стои во објавата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.