Градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, објави дека е позитивен на корона вирус.

,Почитувани пријатели, роднини и сограѓани, ве информирам дека по појавата на втор позитивен случај на ковид-19 во редовите на општинската администрација, вчера на сопствена иницијатива направив тест, кој е позитивен.

За таа цел во следниот период се повлекувам во домашна изолација.

Во исто време сите вработени од денес 02.09 до 09.09.2020 ќе бидат ослободени од работните обврски, а општината нема да работи освен за итни и неодложни потреби.

Екипи на Јавно Здравје веќе прават целосна дезинфекција на работните простории и возниот парк.Никој не е имун! Носете заштита и почитувајте ги препораките на Комисијата за здравство“-порача Мицевски.

Во Крива Паланка деновиве има зголемен број на заразени од Ковид 19.

Досега во овој град се регистрирани 48 случаи на Ковид 19, а активни се уште 13.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.