Градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски е позитивен на коронавирус. Тој е задржан на Инфективната клиника во Скопје.
Од општината информираа дека поради хронична болка во пределот на бубрезите на ден понеделник 08.06.2020година, а по извршен медицински преглед и пропишана лекарска терапија, останува на домашно лекување и работните обврски ги извршува од дома, како и преку онлајн платформите за комуникација.
Во текот на вчерашниот ден, поради пројавени болки во пределот на градите, Георгиевски е упатен на дополнителни лекарски прегледи, по што по препорака на пулмолог е испратен на дополнителни испитувања во Клиничкиот центар во Скопје, каде му е направен и тест за Ковид-19 чии резултати денес се позитивни.
Сопругата на Георгиевски, Емилија, е наставничка во основното училиште „Кирил и Методиј“ во Стајковци. Годинава ги завршила петтооделенците, а од септември зема првачиња, објави Курир.
Како што дознава Курир од родители кои изминативе денови си го однеле дечињата на ова тестирање, сопругата на заразениот градоначалник била во комисијата која тестира првачиња!
Не е познато од кога Георгиевски е позитивен на коронавирус, ниту дали неговата сопруга е заразена.
Со нејзиното појавување меѓу дечиња и родители, нивното здравје е ставено во ризик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.