По катастрофалната онлајн анкета за власта спроведена од Макфакс на која што од шестмина понудени градоначалници од редовите на СДСМ повеќе од 60 проценти од граѓаните порачаа дека не би гласале за ниту еден од нив, уште една поразителна анкета за власта.

На Фејсбук страницата на градот беше спроведена анкета за тоа колку се задоволни граѓаните од работата на актуелниот градоначланик Аце Коцевски.

Анкетата е спроведена во период од 7 дена на Фејсбук

На прашањето „Дали сте задоволни од досегашната работа на градоначалникот на општина Велес, Аце Коцевски?“ од 19.000 следбеници на страницата на Велес, гласале 1513, од кои само 136 кликнале ДА, а останатите 1377 поразително НЕ.

Само 9 проценти од граѓаните се задоволни од Коцевски додека 91 процент од велешани не се задоволни од она што тој го има сработено во овие две години откако е градоначалник на градот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.