Во услови на економска криза и рецесија како и на намален обем на работа, градоначалникот Георгиески излегува со предлог за ново покачување на цената на водата за пиење. Вистинската причина за поскапувањето на водата е зголемувањето на платите на вработените за 2021 година во ЈП „Водовод“ од над 12 милиони денари и нови 18 вработувања кои охриѓани ќе ги чинат над 5 милиони денари, рече на денешната прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, Сашо Донев.
Почитувани сограѓани, Време е да го кренеме гласот! Нашиот повик не треба да се гледа како партиски интерес, нашиот повик е за обединување на сите граѓани, за Охрид. Ова што ни се случува не го заслужуваме, ваквиот однос на градоначалникот е понижувачки, срамен и потценувачки за сите нас. Ве повикувам јавно да побарате од советниците кои сте ги гласале да се борат за вашите интереси и да се спротивстават на предлогот на партискиот послушник Георгиески за покачување на цената на водата, нагласи Донев.
За ваквата одлука на Георгиески, посочи Донев, граѓаните ќе треба да одвојат од сопствениот буџет вкупно 250 илјади евра годишно.
Дека на забеганоста и нема крај говори и фактот што сè уште има луѓе кои или немаат вода за пиење или истата е микробиолошки неисправна, додека приоритет на Георгиески е како да му вработи личен возач на директорот и разни административни референти. Доста е! Време е!, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.