Педесетгодишниот Азем Садики е нов-стар градоначалник на Студеничани. Тој по четврти пат, или во трет мандат во низа ќе ја предводи општината. Прв пат бил избран на локалните избори во 2000 година.

По пауза од неколку години, во кои обавувал други функции тој се враќа во Студеничани и победува на изборите во 2013 година. Економистот по професија, својата популарност во локалната средина ја верификува и на следната проверка, пред четири години.

Членот на ДПА градоначалник на Студеничани, Азем Садику се приклучи на партијата Алијанса за Албанците, пренесува 21ТВ.

Ова преку објава на социјалните мрежи го соопшти секретарот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари. Тој на социјалните мрежи објави заедничка фотографија со Садику и лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.