Партиите во Собранието ќе почнат разговори за гласање на локалните избори во еден груг наместо како досега во два.Намерата е да се спречат притисоците кај граѓаните од страна на власта меѓу двата круга.

На средбата двајцата лидери разговарале за измени на Изборниот законик, на дневен ред на Собрание утре ќе биде прашањето за терминалите за отисок од прст.

-Да ги охрабриме групите во Парламентот кои разговараат за измените на изборниот модел, отворени листи, избор на градоначалник во прв круг, гласањето на дијаспората надвор од ДКП-ата, имплементацијата на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, рече Мицкоски по средбата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.