Актуелната градоначалничка на Битола, Наташа Петровска ќе оди на втор мандат за градоначалник. Ова денеска го изјави градоначалничката Петровска за емисијата „Директно“ на ТВ Тера.

Таа изјави дека ваквата одлука ја донесла откако била предложена во најголемиот број месни организации на СДСМ и по согласноста која ја добила од нејзиното најтесно семејство.

Наташа Петровска е прва кандидатка од СДСМ која јавно соопшти дека официјлно поднела кандидатура за градоначалничка на Битола.

Во трката за градоначалник за Битола од СДСМ конкурирале над петнаесетина кандидати, што е уште една потврда дека во владејачката партија интересот за градоначалник на Битола бил мошне голем.

Меѓу нив има нови и непознати кандидати, но и голем број познати имиња на СДСМ од Битола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.