Цигари, влажни марамчиња, миризливи свеќи, корпа за печење мафини, решо, дрвени лажици, чајник, се дел од работите кои општината Арачиново ги купувала со буџетот за репрезентација, кој најчесто е предвиден за службени ручеци, посети на странски делегации и работни состаноци, објави „Макфакс“.
Градоначалничка на Арачиново е Миликије Халими од СДСМ.
Како што пишува порталот, до ноември минатата година, општината Арачиново потрошила околу седум илјади евра по ресторани и кафеани, но голем дел од трошоците немаат допирна точка со репрезентација.
Па така, редовно во општината се купувале кроасани „севн дејс“, влажни марамчиња, миризливи свеќи од лаванда,ванила, портокал, релаксирачки освежувачи за простор, кремови за раце… Општината трошела и за овошје, се купувале банани, ананас, киви. Од парите за репрезентација се издвојувало и за средства за чистење стакло, ламинат, доместос, влажни марамчиња, солна киселина, брисачи за стакло.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.