Зоран Заев ги прифатил сите барања на Бугарија, дознава „Инфомакс“ до дипломатски извори, вклучени во процесот.

Според информациите на Инфомакс, Зоран Заев ги прифатил барањата на Софија со кои Македонија и официјално ќе признае т.н. „заедничка историја“ помеѓу двата народи, што би значело откажување од македонскиот ексклузивитет врз Крсте Петков Мисирков и Гоце Делчев меѓу другите историски личности – пет вкупно, за кои зборуваше македонскиот премиер во интервјуто за „БГнес“.

Освен откажувањето од основоположниците на Македонизмот, Зоран Заев прифатил и ревизија на историјата, па така по драфтирањето на овој анекс на договорот за доборососедство со Бугарија, Македонија ќе ја промени официјалната историја со што Бугарите ќе бидат прогласени за административци на територија на Македонија за време на Втората Светска војна, наместо досегашната историја која ја вметнува Бугарија како дел од нацистичката оска.

Прифатено е и барањето за казнување за говор на омраза против Бугарија, односно, секој оној кој ќе зборува за историската улога на Бугарија како дел од нацистичката коалиција ќе биде казнет согласно законско решение кое според анекс договорот ќе биде усвоено од Македонскиот парламент.

Извор: Инфомакс



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.