Формирање заеднички патроли со комунални, пазарни и полициски инспектори за да се конторлираат угостителите дали ги спроведуваат мерките за заштита од коронавирусот. Ова барање беше ставено во еден од заклучоците на меѓуопштинскиот штаб за општините Гостивар, Врапчиште и Маврово Ростуше по денешниот состанок.
Денеска ќе испратиме предлог до Државниот пазарен инспекторат и МВР за да организираме заеднички патроли во кои, покрај комуналните ќе има инспектори и преставници од овие институции. Тие заеднички на терен ќе ги конторлираат граѓаните и угостителите и дали ги почитуваат протоколите и препораките на здравствените власти. Очекувам за овој предлог да се договориме во понеделник, рече Арбен Таравари, претседател на штабот.
Според него, овие патроли веднаш нема да казнуваат туку ќе опоменуваат, а ако недостатоците се повторуваат, тогаш да се прејде кон санкционирање.
Таравари и препорача на централната власт да отпочне со поопсежна кампања за опасноста од Ковид-19 и подигање на свеста кај граѓаните. Тој побара да има и материјали на албански јазик, со што пораките ќе стигнат и до оваа етничка заедница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.