„Замислете некој да каже – не постојат Албанци, тие се вештачка творба, измислена нација.

Или, замислете некој да побара Албанците во Македонија да декларираат дека нивниот јазик е кодифициран во 1908 година (што е историски факт) и потоа да тврди дека пред тоа тој јазик не постоел.

Замислете сето тоа да биде услов Македонија со некого да склучи меѓудржавен договор, од кој ќе зависи почетокот на преговорите на земјата за влез во Европската унија.

Ќе се согласат ли на такви отстапки Бујар Османи, Артан Груби, Талат Џафери и пред сите нив, легендата Али Ахмети?“ прашува новинарот Бранко Героски во колумна за Плусинфо во која ги повикува господата од ДУИ да не ја минираат резолуцијата за одбрана на македонскиот идентитет која не е насочена против Албанците.

„Ма ај што тие нема да се согласат – вели Героски – туку и сите ние, Македонците, нема да прифатиме такви понижувачки уцени!

Добро, да бидеме искрени, има меѓу нас и такви кои сè уште живеат во минатото, во годините на омраза и тензии меѓу двете големи етнички заедници, но мислам дека на прстите од едната рака можат да се избројат сериозните луѓе кои би сакале Албанците да ги видат оспорени, понижени и навредени.

И затоа не можам да разберам зошто министерот Бујар Османи ја оспорува потребата Македонците да се обединат во намерата одлучно да се спротивстават на негирањата на македонскиот национален идентитет и на македонската самобитност.

Тоа, имено, е суштината на резолуцијата со која водечките политички сили во земјата треба да ги разјаснат и да ги зацврстат позициите на земјава во спорот со Бугарија- пишува Героски.

Целата колумна на следниот ЛИНК


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.