Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашниот ТВ Дуел со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, рече дека не го поддржуваат Договорот на СДСМ и Заев со Грција. Вели, со тој капитулантски договор се одрекуваме од себе си. Нагласи дека не се согласува со содржината на тој договор.

Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ е за договор со Грција, но не ваков каков што е сегашниот.

– Според овој договор ние сме како во резерват – потенцира Мицкоски – Каков е јазикот што го зборуваат луѓето во Воден, а е различен од грчкиот? – праша Мицкоски.

Тој почна да чита изјави на Заев кога ветувал дека нема да има промена ниту на Устав, ниту на име, прашувајќи го дали тој го изјавил ова. Тогаш Заев започна да му упаѓа во збор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.