Зоран Заев свесно го маргинализира актуелниот вицепремиер за евроинтеграции Никола Димитров и постави дискредитирани личности наводно да го решаваат спорот со Бугарија – смета поранешниот политичар Петар Гошев.
Ова поранешниот министер за финансии и гувернер на Народна банка на Македонија го вели во изјава за Дојче Веле во контекст на своите очекувања дека власта и опозицијата нема да изградат консензус за црвените линии, откако ВМРО-ДПМНЕ најави дека иницијатива за резолуција во Собранието.
Прво, водството на СДСМ ниту помислува јасно да соопши до каде може да оди во конкретниот случај – можеби, како во многу други случаи, до таму до каде што ‘спакуваното’ може да му се сервира на гладниот народ. Историските ‘експертизи’, секогаш во нова варијанта (во зависност од денот, местото и реакциите на јавноста, кои постојано ни ги соопштува лидерот на СДСМ), јасно зборуваат дека линијата секогаш може да се поместува понатаму и понатаму.
Веројатно од тие причини лидерот на СДСМ именуваше дискредитирани личности за посредување во спорот со Бугарија, отстранувајќи го и маргинализирајќи го претходниот министер за надворешни работи, кој стекна важно искуство со водењето на тешките преговори со Грција и со учеството во подготвувањето на Договорот со Бугарија, кој и инаку е покомпетентен за таа работа од кој било друг во Владата. Дискредитирани луѓе, алчни за сé, па и за рехабилитација, полесно се држат под узда, се виткаат како пластелин, тргуваат како џамбази на Бит-пазар. И уште поважно: црвена линија не можат да постават оние кои не веруваат во самоодржливоста на својата држава, патем напорно придонесувајќи тоа и да го докажат, рече Гошев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.