На потегот меѓу селата Барово и Вешија избувнат е пожар на мешовита нискостеблеста и вискостеблеста шума. Станува збор за непристапен терен, а во моментов интервенират две теренски возила, една цистерена на Територијалната противпожарна единица (ТПЕ) од Неготино со шест пожарникари, четири цивилни лица волонтери, едно теренско возило, четворица пожарникари од ТПЕ од Кавадарци и теренско возило и пет вработени од ШС Демир Капија.
По барање на градоначалникот на општина Демир Капија ангажирани се и два армиски хеликоптери, информира портпаролката на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Надица В’чкова.
Таа информира дека се уште е активен пожарот кај село Раовиќ, во општина Сарај.
Повторно на три-четири места се забележува чадење на самиот срт и по сртот на планината Осој – информира портпаролката на ЦУК.
Пожарот кај село Дивље и село Крушија е ставен под контрола. На одредени места се забележува чадење.
Веќе е изгаснат пожарот што избувна во текот на утринските часови на месноста викана Градишче, атар на село Владимирово. Опожарена е мала површина на мешана шума и сува трева, а на терен поради контрола е останата екипа на ШС Малешево од Берово со едно теренско возило со цистерна и четворица вработени.
Пожарот на градската депонија Виница во место викано Лесковски пат е веќе локализиран, но не и целосно ликвидиран. Во текот на денешниот ден ЈП „Солидарност“ од Виница врши покривање со земја на самата депонија – информира В’чкова.
Ставен е под контрола пожарот, кој избувна меѓу селата Матејче и Виштица, каде гори сува трева и грмушки. Интервенираат тројца пожарникари со едно противпожарно возило.
Појава на пожар на отворен простор има и во атарот на село Отља, кон село Матејче. Во гаснењето на овој пожар се вклучени тројца пожарникари со противпожарно возило, четворица полицјаци од ПС Матејче, како и 30-тина граѓани од село Отља. Пожарот е ставен под контрола и не постои опасност од проширување кон објекти и шума.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.