Нов пожар – гори Охрид. Граѓаните велат дека чадот доаѓа од просторот меѓу Галеријата на икони кои се со непроценлива вредност и Црквата која исто така е од непроценлива вредност и претставува еден од бисерите на наследството од ерата на Византија.

Галеријата на икони во Охрид се наоѓа во музејскиот комплекс на црквата Света Богородица Перивлепта во Охрид. Колекцијата опфаќа повеќе икони, но околу 30-тина од нив се оценети како врвни уметнички дела, кои се создавани во еден подолг период од XI до XIX век. Охридските икони се со непроценлива вредност и поради тоа се изложувани на неколку големи светски изложби.

Македонија очигледно е изложена на некаква диверзија бидејќи гори се што може да се оцени како природна вредност, а од утрово ево чади и од дворовите на непроценливото културно наследство.

Галеријата на икони во Охрид е едно од најобезбедените места во градот. Објектот е под 24 часовно физичко обезбедување, видео мониторинг, и е обезбеден со сите видови аларми, кои реагираат и на чад. Како се случува тоа да гори оган во дворот и да чади низ Стар Град Охрид, а никој од надлежните институции да не реагира, па дури ни алармите да не се активираат ќе треба да се даде одговор дополнително, секако ако медиумите го отворат тоа прашање.

Институциите во државата како да се неспособни ни да пронајдат барем еден пироман, неодговорен граѓанин или диверзант кој ги прави овие најблаго кажано луди работи.

Фотографијата на Фејсбук ја објави Владо Жура, новинар во пензија кој на истата стави и духовит коментар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.