Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател на државата, решила малку да се рекереира и да ги наполни батериите.
Само што официјално започна претседателската кампања, Гога се даде на јога. Синоќа, Силјановска Давкова, кампањата за претседател ја стартуваше од родниот Охрид, а денеска на плажата Куба Либре во Охрид, медитираше со неколку пријатели и љубители на јога.
Јогата е комуникација со себе, со другите, јогата е рамена на позитивна енергија потребна во ова време-невреме. Живееме во немир, се чини дека источните народи полесно се справуваат со проблемите на денешницата и кога е во прашање јогата евроцентризмот не е многу успешен, но во европските училишта јогата се воведува во наставата, па и во претпријатија, рече Силјановска Давкова во изјава за МИА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.