Професорката Гордана Силјановска Давкова на својот фејсбук профил напиша:
„ НИКОЈ“ не може да стане „ НЕКОЈ“!
Македонскиот национален идентитет е МАКЕДОНСКА РАБОТА и БИОГРАФИЈА. Автори на македонската национална приказна се нашите предци, а ние, како коавтори, имаме национална обврска да ја допишуваме.
Соседите си имаат СВОИ НАЦИОНАЛНИ ПРИКАЗНИ, чии АВТОРИ и БИОГРАФИ се ТИЕ, САМИТЕ!
Нивните амбиции за (ко)авторство на нашата национална историја не можеме да ги контролираме, но нашите ПОСТАПКИ – МОЖЕМЕ и МОРАМЕ.
Ќе биде ли оваа генерација достојна на СВОИТЕ ПРЕДЦИ или ќе ги засрами и понижи, „БРИШЕЈЌИ ГИ“, себезастрамувајќи се, себепонижувајќи се и СЕБЕНЕГИРАЈЌИ СЕ?
Една од обединетите нации во рамките на ООН, БЕШЕ, Е, и ЌЕ ОСТАНЕ и МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА!
ИЛУЗИЈА е, дека може да започнете преговори за ЕУ како „ НИКОЈ“, за да станете „НЕКОЈ“!Да бидеме достојни Македонци и горди Европејци!
„ НИКОЈ“ не може да стане „ НЕКОЈ“!
Македонскиот национален идентитет е МАКЕДОНСКА РАБОТА и БИОГРАФИЈА. Автори на…
Posted by Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова on Thursday, May 28, 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.