Гордан Георгиев, член на стратешкиот совет во МНР и поранешен потпретседател и пратеник на СДСМ во емисијата 24 анализа во врска со форумот во Преспа и блокадата на Бугарија истакна дека граѓаните на државата се заморени од темата со Бугарија до каде може да се оди. Во врска со Преспа фоумот, смета дека е многу значаен за нас.

Преспа форумот е значаен настан за Македонија зошто се собираат важни луѓе од ЕУ и Америка и ги нема Бугарија и Фрација. Македонија е важна за странците, но брановите од тој форум се прелеваат и во соседните земји. Секој странец е дојден со торбата со свои интереси. Ние треба да се поставиме сега, прашање е колку ќе го одглумиме тој дипломатски процес и дали ќе кажеме дека понатаму од ова не можеме да одиме, рече Георгиев.

Георгиев смета дека повторување дека Македонија сака во ЕУ како план А е беспредметно, ако се нема суверена позиција и не гледаме други решенија доколку не влеземе во Унијата.

Тој потенцираше дека јазикот не можеме да го промениме и кога ЕУ ќе реши и ќе го сфати ова – тогаш може да очекуваме некои промени.

ЕУ, тука сме кога ќе решите, кога ќе сфатите дека не можеме јазикот да го смениме тогаш викајте не, вели Георгиев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.