Долгогодишниот почесен конзул на Македонија во Хрватска денеска на Фејсбук информираше дека побарал да биде ослободен од функцијата.

Во писмото од 1 ноември доставено до Министерството за надворешни работи преку Амбасадата во Загреб Калоѓера пишува:

Со оглед дека десет години служев како почесен конзул, најпрво би сакал да се заблагодарам на МКД „Илинден“ на чија иницијатива бев избран. За време на овие десет години имав одлична соработка со Градот Ријека, Округот Приморје – Горски Котар, Филозофскиот факултет во Риека и Универзитетот во Риека.

Би сакал да се заблагодарам и на соработката на моите колеги од македонските научни институции, со кои остваривме одлични резултати во последните десет години.

Моето заминување од позицијата почесен конзул не значи дека престанува и мојот постојан интерес за Македонија, нејзината литература, јазик, култура, историја.

На сите кои ми изразија поддршка, на моите македонски пријатели и на моите поранешни студенти – Големо благодарам, напиша конзујлот Калоѓера на Фејсбук.

Вчера, Калоѓера на некој начин го најави ова со прашање дали тоа некој сака да се ослободи од него:

Веќе подолго време слушам од сите страни гласини дека сум неподобен за сегашните македонски власти и дека би биле најсреќни доколку ме „испрателе со почести и почести“ во конзулска пензија, напиша Калоѓера на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.