Горан Белевски за коментар на фејсбук е осуден на 3.000 евра казна или три месеци затвор. Тој одлуката на судот ја сподели на социјалната мрежа.

Првата фотографија е од говор за време на шарената “револуција”. Откако го срушивме режимот, дојде нов режим, многу полош од претходниот. За коментар на ФБ 3000 евра КАЗНА или 3 месеци затвор, во кој коментар ја кажувам вистината. Сталинизмот вода може да ви носе. Народот нека суде, напиша Белевски!

Белевски е поренешен советник во Општина Кавадарци и висок функционер на СДСМ, кој на на социјалната мрежа фејсбук се дистанцираше од партијата и истакна дека нема да агитира за гласање „За“ на претстојниот референдум.

Своевремено тој ја возобнови младинската организација на партијата, по што членуваше и во извршниот комитет, беше советник во Општина Кавадарци и неколкукратен делегат на конгресите на СДСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.