Огромниот интерес за работа во Германија речиси ја блокираше страницата за поднесување барања за термини за издавање визи. Листата на чекање за термин на кој може да се аплицира за работна виза во Германија беше отворена на 1 септември годинава, а веќе вчера била пренатрупана со барања. Заради ова Амбасадата на Германија се обрати до јавноста.

Изминатите денови добивме многу повратни реакции од Вас за доделувањето на термини за визи за Западен Балкан. За жал, Вашите реакции беа претежно негативни и од тие причини сакам уште еднаш да Ви ја претставам ситуацијата:

Сојузната влада овозможи за државјани од Македонија (како и од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија) привилегиран пристап кон германскиот пазар на труд. Ова и понатаму се однесува на секој тип на работа – независно од признатата квалификација. Согласно германската законска регулатива, во целиот регион на Западен Балкан смее да се доделат 25.000 визи годишно, од нив Македонија добива годишна квота од 4.750 визи. Гледано според бројот на жители, на граѓаните од Македонија, исто така поради Вашиот голем интерес, им стои јасно надпропорционален удел на располагање.

Но, бидејќи истовремено интересот за оваа програма е огромен (нашата објава од понеделникот само за неколку часа имаше над 50.000 прегледи), се разбира дека знаеме дека само еден дел од заинтересираните може да добие прилика. Сегашниот систем на доделување на термини, кој впрочем се користи во сите 6 земји од регионот, треба да и овозможи на Амбасадата, ограничената понуда на термини за поднесување на барања по можност да ја реализира широко распространето.

Затоа Ве молам за Вашето разбирање и Ви ветувам истовремено, дека постојано работиме на подобрување на доделувањето на термините, за истото да биде потранспарентно за Вас“ стои во објавата потпишана од амбасадорката Анке Холштајн.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.