Голем број македонски граѓани утрово се упатија кон Ниш, во обид да ја добијат вакцината против Ковид 19. Сепак, поради ограничениот број вакцини, денеска ќе бидат вакцинирани само оние кои добиле термин преку српскиот систем за вакцинирање, како и тие што се пријавиле преку српската стопанска комора, пишува Радио МОФ.

Александар Миличевиќ, директор на регионалната стопанска комора во Ниш за медиумите пак изјави дека денеска очекувале околу 1500 лица, но пред Домот за здравје во Ниш стигнале многу македонски државјани кои воопшто не биле пријавени за вакцинација. Тој додава дека се обиделе да излезат на сите во пресрет, но викендов биле обезбедени околу 3000 дози.

Денес не може да се добие вакцина за секој оној кој не е регистриран прво преку Стопанската комора на Србија, преку разни организации..тука не се само граѓаните на Македонија, има и од Бугарија, има од од нашата јужна покраина, и (второ) секако граѓани странци кои се пријавени преку нашата Е-управа да примат вакцина во Ниш. Значи оние кои се пријавени во Белград, ќе мора вакцина да бараат во Белград, изјави Миличевиќ.

Целиот текст овде.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.