Актерот Сашо Тасевски и поранешен директор на Драмски театар Скооје гокоментира апсењето, протестот во Ченто среде полициски час и епилогот од настанот.
„Попуш(т)ивте во Гази Баба, ги пуштивте приведените, штом излегоа Албанците на улица. Само они ви се лекот. Уште еднаш ви го ставија на искушение авторитетот и покажаа дека сте мивки. Затоа ги почитувам. Ги сфатив конечно. Искрено.
Македонциве си ги дерете. Апсење, глоби од 2000 евра, продавање строгост… Оти јагненца. Едвај чекаат да ги затвориш и да им покажеш сила. Така најбезбедно се чувствуваат. Ген.
Кој како си заслужил.
А за мерките… Гледате… Бесмислени ви се…. Не ви работат секаде. Сами си ги укинувате. Само си играте држава и строгост. Инаку сте нејкид вотер или гола вода“, реагира Тасевски на Фејсбук.„Одлични ви се меркиве. Нема подобри. До Гази Баба важат, после тоа не важат.
Па уште војска во Прилеп вадите ред да одржувала. Циркузанти. НАТО циркус правите. Ај да ве видам со војската во Гази Баба. Фуфка а?
Мерки? А бе оди утепајте се“, ќе додаде тој во следната објава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.