Откако минатата недела недела бугарскиот премиер, Бојкo Борисов упати заканувачки изјави дека земјава ќе треба да направи компромис околу Делчев ако сака датум во октомври за ЕУ, денеска од економскиот форум во Пловдив тој испрати за малку поумерена порака.

Се надевам дека со колегите од Македонија во нашата Комисија за историјата, најбрзо што може, да ги усвојат неопходните заклучоци, за да може да се почитува Договорот за добрососедство и се разбира максимално да продолжиме да ги поддржуваме за членството не само во НАТО, туку и во ЕУ, рече Борисов.

Тоа е еден бугарски херој, кој сакал, кој се жртвувал, кој вложил се што има за слободата на Македонија. На истиот начин, еден Че Гевара, кој по националност е Аргентинец отишол да војува за слободата на Куба, додал тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.