Последните изјави на премиерот Зоран Заев и претседателот Стево Пендаровски укажуваат на тоа дека ќе се откажат и од македонскиот револуционер Гоце Делчев. Заев пред неколку дена ако инсистираме на тоа дека Делчев бил само Македонец решение со Бугарија нема да има.
Ако ние го присвоиме да биде само Македонец Гоце Делчев, има иднина со Бугарија? Тоа не е решение-рече Заев.
Во иста линија е и Пендаровски.Тој пак изјави дека немаат ништо против ако се прифати решение дека Гоце Делчев се борел и за бугарската кауза, несфајќајќи колку е опасна теза.
„Република“ веќе објави дека Заев ќе го прифати барањето од Бугарија дека Делчев бил бугарски револуционер и тоа не беше демантирано.
Гоце Делчев е бугарски револуционер и учител кој се борел за ослободување на автономната бугарска област наречена „Македонија“ од Османлиите-стои во ултиматумот од Софија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.