Од денеска во ГОБ „8 Септември“ пренесен е апаратот за озонирање на крвта, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.
Оваа метода во други земји се покажала како успешна, па ќе се примени и кај нас.
За утре е закажана првата екстракција на крв кај пациент, а со апаратот дел од крвта се озонира и се враќа во телото на пациентот.
Филипче рече дека оваа метода дава резулатати, а лекарите кај нас консултирале обемна литература за методата и нејзината примена кај ковид болни пациенти.
Утре почнува и екстракција на крв од оздравен пациент од ковид-19, чија плазма ќе се користи за лекување на други заболени, ако за тоа има индикација, рече Филипче.
Министерот за здравство информираше дека починаа четворица пациенти, 13 новозаразени и 53 оздравени со ковид-19 во земјава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.