Изјавата на претседателскиот кандидат на владејачките СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски дека го следелa тајна разузнавачка служба блиска до опозицијата, предизвика лавина од реакции во јавноста и на социјалните мрежи. Претседателот на Изборниот Штаб на СДСМ, Александар Кирацовски, денеска изјави дека МВР презема активности за откривање на лицата за кои има индиции дека го следат Пендаровски. „Штом иден претседател на држава изјавува за одредени индиции и алудира на одредено следење од одредени служби од опозицијата евидентно е дека истите постојат. МВР веднаш презеде иницијатива истите да бидат откриени и изведени пред лицето на правдата“, рече Кирацовски.
Ви пренесуваме дел од реакциите на Твитер: Какви се тие одредени служби од опозицијата што го следеле Пендаровски?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.