Објавата на вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски, дека АХВ запленила путер со поминат рок предизвика жестоки реакции и шеги на социјалните мрежи.
Коментарите се:
„Браво министре“,
„Жена остана без три органи, нема никаква одговорност, сте заплениле путер, WTF??,
„Тешка е борбата, само напред“,
„Путер бе. Путер.Абе стварно да ве немаше, ќе требаше да ве измислиме“ ,
„Браво мајсторе, продолжете вака, не ни треба ЕУ, може да не заштитите вие и од павлака и сиренце“,
„Барем чварки да беа“.
Ауу…врв…сега фале уште памперс 20 пакета да запленете и да сте комплетни.Дно ,мизерни сте! Трагедија од власт,за жалење сте.
“Секоја чест” 👏 Капа доле Министре! Каква неверојатна акција за заплена на Путер.. Сеуште сме во Шок, Сите, цела Македонија е во Шок!!
Прв запленет путер од кога сме членка на НАТО.
Здраво Љупчо, ќе ве молам да дојдете, три дена се расправам со баба ми , сака да јаде од пилешката паштета со поминат рок , ако не ја фрлам до утре ,пиле ќе се изведе од неа , ве молам за совет , ќе доаѓате или како да правиме ?!
Нема лабаво, до путерот остана да средите, ова со вакцините не е битно. Сабајле апсете бабички на зелен пазар, сржта на криминалот во државата.
Утре за Прочка запленувајте кадаиф ако нема доволно шербет
ФБИ и ЦИА на апарати… АЛАЛ ВИ ВЕРА… Како ли ви успеа? Апси бре тоа беси коли, они ќе продавале путер… цццц… Кај ве наоѓаат бе мајку му…
гушнете си ги тоа фотељичките, зошто тешко дека пак некој некогаш ќе се зезне со вас. во историја на Македонија не постоела по неспособна, по безобразна, по штетна по народот и државата власт. да имате бар малку интегритет и достоинство сите до еден ќе си дадевте оставка, ама вие за срам не знаете, бруки
Каков напредок во Македонија, ова ни посериозните земји не го можат, каков квантен скок
Го прогласувам криминалот за умрено! Министре па вие треба да сте специјален обвинител,ќе ги пронајдовте сите производи со поминат рок по маркетите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.