Ние не купуваме гласови, не делиме предизборни субвенции. Ние и тогаш, и сега критикуваме неделење на партијата од државата, ваква порака до граѓаните на 30.03.2019 упати премиерот Зоран Заев, но на ден пред избори како на власта да и се случи амнезија, па во сред изборна кампања ги офајди земјоделците со субвенции.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоиловски соопшти дека партијата поднела до ДКСК нови приговори за кршење и на Изборниот законик и на Законот за антикорупција и судир на интереси.
1. Спротивно на законите, во изборен период, на 4 април, при започната изборна кампања, Платежната агенција соопшти дека се исплатени 77 милиони денари – или над 1 милион и 250 илјади евра – на над 2.000 лозари. И за ова ресорниот министер се пофали преку медиумите. Во случајот употребени се државни пари за исплата на долг на приватни фирми – значи не станува збор за субвенции или за тековни исплати!
Ова е класично кршење на членот 8-А од Изборниот законик и членот 34 од Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси. Класичен случај на поткуп на земјоделци!
2. Поднесен е приговор повторно за информација од медиумите од 3 и 4 април, дека од 15 април започнува физичко обезбедување во училиштата на трошок на општината Гази Баба. Веста гласи дека по иницијатива на градоначалникот на Гази Баба родителите се ослободуваат од плаќање.
Повторно се работи за класично кршење на членот 8-А од Изборниот законик и членот 34 од Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси – односно, во предизборен период, по распишани избори, општината носи одлука за исплати од сопствени средства кои не се редовни.
3. Следува нов приговор, в.д. градоначалникот на Ново Село – каде има и вонредни локални избори – дава согласност за вработувања на 10 работници.
Ова е исто така спротивно на двата закони – членот 8А од Изборниот и членот 34 од Антикорупцискиот закон.
4. Општина Штип ги ангажирала пожарникарите да делат дрва на социјално загрозените лица од градот, и тоа оди во локалните медиуми!
Среде кампања донесена е противзаконска одлука, со кршење на двата закони, за донација каде што се гледа како поткуп на гласачи и во тоа се злоупотребени и Општината и „Македонија пат“ и „Македонски шуми“, но и Противпожарната единица на Општина Штип. Оваа донација, можело да се спроведе пред распишување на изборите или по завршување на изборите, истакна Стоилковски.
Владата ја донела одлуката за исплата на лозарите само еден ден пред распишување на претседателските избори. Откако антикорупциската комисија отвори неколку случаи поради сомнеж за злоупотреба на државни пари, Платежната агенција објаснува дека исплатата е извршена согласно законите и дека одлуката за исплата на лозарите Владата ја донела на 7 февруари, односно само еден ден пред распишување на претседателските избори. Оттогаш лозарите ги чекаа парите што ги добија пред неколку недели, односно 1.2 милиони евра долг на винарниците “Повардарие“ и „Стефанс“, кои Владата реши да ги исплати од државниот буџет. За спорната исплата и на 27-те милиони евра субвенции за тутунот од ланската реколта, од платежната агенција реагираат дека уште во мај 2017-та Уставниот суд ја укинал одредбата од Изборниот законик за забрана за исплата на субвенции во изборен период.
Субвенциии во изборна кампања се делеа и за велосипеди, тротинети, клими..
Но, по вчерашниот дебакл кој го доживеа Пендаровски на претседателските избори се докажа дека ниту кршењето на заканите, односно делење пари на граѓаните во изборна кампања не вроди со плод за толку посакуваниот резулатат на власта за Стево Пендаровски.
Поразот на претседателскиот кандидат Пендаровски е дотолку катастрофален што кандидатот поддржан од 31 партија, на изборите во 2014, кога СДСМ беше во опозиција, освоил повеќе гласови отколку вчера.
За илустрација, во 2014 година, во првиот круг во трката за Вилата на Водно усчествуваа Ѓорге Иванов поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Стево Пендаровски од СДСМ, Илијаз Халими од ДПА, Зоран Поповски од Граѓанската опција за Македонија.

Пендаровски влезе во вториот круг со 326.164 гласови или 37,51%.

Од 97,54% прераборени податоци во првиот изборен круг Стево Пендаровски има освоено 316.692 гласови или 42.72% од гласовите или околу 9.377 гласови помалку.

Во 2014 година, право на глас имале 1.779.572 граѓани, а на овие избори 1.808.131 граѓанин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.