Националната агенција за европско образование и мобилност вечерва реагираше на најавата на потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николовски за објавување на наводен корупциски скандал во Националната агенција за проневерени три милиони евра.

Го охрабруваме потпретседателот Николоски и ВМРО – ДПМНЕ да ги обзнани сите сомневања за Националната агенцијата и воедно ги повикуваме сите релевантни институции да се вклучат во расветлување на наводите. Воедно го прашуваме Николоски дали нервозата и жалењето е поради тоа што Националната агенција не е повеќе личен сервис на ВМРО – ДПМНЕ и Бошко Нелкоски во злоупотребата на европските пари за лично богатење поради што Националната агенција за време на владеењето на ВМРО – ДПМНЕ во 2010 година беше суспендирана за злоупотреби при трошењето на европските пари?, се вели во реакцијата од Агенцијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.