На официјалната страна на Владата прикажан е составот на владата, ама во испомешан состав, а новите министри сосе новиот премиер никаде ги нема.

Така како претседател на Владата на Република Македонија стои дека е Зоран Заев. Кочо Анѓушев го нема, односно на негово место е ставена Мила Царовска, додека пак Оливер Спасовски никаде го нема. Во составот на новата влада ги нема ниту министрите на ВМРО ДПМНЕ, поточно ги има, но само со име и презиме, без нивна фотографија, како што има кај сите други министри.

Очигледно пилот нема ви владата, а и пи-ар службата е зафатена со ширење лажни, па нема време да му укаже чест на новиот премиер. Или пак пораката е друга: само пакувањето е различно…



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.