Партијата СДСМ, глумејќи хуманост, под маската на Црвен крст, токму во предизборен период, веќе неколку пати дели пакети во Ромското маало, обвинува Љубе Здравков од ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Штип, кој објави и неколку фотографии на кои, како што вели, јасно се гледа кажаното.
СДСМ прават легален поткуп на социјални ранливите категории на граѓани, најверојатно поради сѐ поочигледниот изборен пораз. Но, едно забораваат! Поткупот се врши со народни пари, кои секако припаѓаат на граѓаните. Затоа, народот слободно да си го земе добиеното, а разумно да одлучи за кој ќе гласаат на овие Локални избори, истакна тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.