Во своето гостување во емисијата „Клан Дебата“ претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски потенцираше дека барањата на Заев создаваат конфузија кај граѓаните, бидејќи најпрвин бараше вонредна состојба, а веќе другиот ден бара избори. Со ваквите негови несериозни изјави, посочува Мицкоски, создава одбивност кај граѓаните кои велат дека за политичарите најважна е фотелјата.
Вие не можете да барате вонредна состојба 30 дена, а од друга страна да барате избори. Не е чесно, не е во духот човештвото и не е во духот на демократијата. Не можете на тој начин да настапувате пред граѓаните, не сте сериозни, настрана што они може да не обвинат и политиканство да тераат, и стратегија политиканска, ваква или таква, тоа е нивно. Но во очите на граѓаните, чувството кај граѓаните, го гледаат како бара 30 дена вонредна состојба, следната негова изјава избори час посокоро. И веднаш се создава конфузија и тој човек кога ќе се соочи со ваква изјава на полтичар кој што во едниот момент вели дека нешто не е во ред со нашата околина, а од друга страна бара избори, логично е да се создаде одбивност и да рече види ги овие политичарите на сите им е до фотелјите, вели Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.