Има повеќе имиња кои се споменуваат во јавноста поврзани со случајот „Рекет“, но главното име на нарачателот се уште никој не го споменува. Според мене главниот нарачател кој давал насоки е дел од политичките структури дел од власта, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.
Тој најавува дека опозициската партија веројатно ќе бара анкетна комисија или надзорна расправа за состојбите во СЈО, а последниот случај е само доказ дека треба да се направи квалитетен закон за обвинителството.
Во текот на разговорите за законот за обвинителство, на минситерката Рената Дескоска и предложивме во парламентот да се формира анкетна Комисија за отчет на работата на СЈО, но тоа тогаш беше одбиено. Сега после овој слулчај, може да се види дека анкетна Комсиија или надзорна расправа би биле неопходни, изјави Милошоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.