Вчерашната пресуда на новинарот на „Инфомакс“, најдиретно ја покажа спрегата на релација власт-судство-обвинителство. Александар Митовски е осуден на шест месеци затвор за оддавање службена тајна при објавувањето на исказите на сведокот Орце Камчев.
Пресудата беше изречена експресно во само неколку рочишта и разбириво стигна осуда од новинарските здруженија, медиумите но и од јавноста.
Најостра реакција стигна од претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Младен Чадиковски . Тој истакна дека овој процес и ваквата пресуда не води кон подобрување на климата во општеството и дека јавниот интерес е пред се.
За МАН пак пресудата е потврда дека во Македонија владее хибриден режим, заканата кон сите новинари е јасна и директна.
И додека судството и обвинителството набрзина покренуваат обвинение и осудуваат новинар, сведоци сме дека во случајот „Рекет“ кој предизвикува најголемо внимание не се остава никаков простор па бидат споменати бизнисмени и политичари, па дури и да бидат повикани како сведоци. „Република“ вчера повикувајќи се на свои извори објави дека бизнисмени кои требаше да сведочат биле под притисок на власта и на обвинителството да не се појават на суд.
Исто така Обвинителството но и судот со сите сили убедуваше дека не забележале или пак не е нивна работа да забележат дека братот на еден лидер на партија е забележан во друштво на еден од обвинетите во „Рекет“ кој го призна делото за што беше обвинет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.