Алијанса за Албанците смета дека не може да има слободни избори со ДУИ на власт.

Оваа Влада, во последните циклуси докажа дека нема ниту капацитет ниту подготвеност за слободни, фер и демократски избори. Не можеме да зборуваме за демократија кога целата држава е ставена во служба на владејачките партии, граѓаните се загрозени и уценувани, додека гласовите се купуваат и крадат“, соопшти Алијанса.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска повика на брзи предвремени парламентарни избори со цел да се формира стабилна влада која ќе со соочи со предизвиците штo ни претстојат. СДСМ го одби предлогот, а истото го стори и ДУИ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.